Поврзете се со нас

Италија

Прандели: Зошто да не почекаме до јули?

Објавено

на

Германската Бундеслига стана првата од петте најсилни лиги која официјално ја продолжи оваа сезона со тоа што треба да се напомне дека Лига 1 или поточно Франција одлучи предвреме да стави крај и да се ризикува со пандемијата од КОВИД-19.

Сега се очекуваат потезите од останатите големи лиги, а меѓу нив е и Серија А. Италијанскиот премиер Џузепе Конте веќе даде дозвола од понеделник тимовите да се вратат со групен тренинг од понеделник, но според искусниот стратег Чезари Прандели не треба да се брза и според него подобро е да се играат мечевите во јули наместо јуни за што веќе на големо се зборува.

-Не гледам зошто не можеме да чекаме додека ситуацијата не биде појасна, па зошто да не играме во јули, наместо во јуни? Вистина е, фудбалот ви помага да заборавите многу работи во текот на 90 минути, ама мислам дека за луѓето кои се страсни за спортот не е неоходно сега да гледаат натпревари, -вели Прандели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни