Поврзете се со нас

Италија

Прандели за промената на Јувентус која влијае врз формата на Влаховиќ: Сега играчите…

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Душан Влаховиќ игра во одлична форма во изминатиов период и доказ за тоа се шесте погодоци на последните пет средби во Серија А, погодоци со кои му помогна на неговиот Јувентус да ја преземе лидерската позиција на табелата.

Србинот го крена нивото на игра, со головите се зголеми и самодовербата, а според легендарниот Чезаре Прандели сето ова се должи на две работи, фактот што напаѓачот конечно е фит, но и од тактичната промена според која играчите од средниот ред се повеќе ориентирани кон него.

-Пред се, мислам дека Влаховиќ ги надмина физичките проблеми, но мислам дека е и поконстантен во однос на перформансите. Играчите од средниот ред се повеќе ориентирани кон него, така што тој не мора да навлегува длабоко за да ја земе топката. Знаеме дека е безмилосен во шестанесетникот и го потврдува она што го кажавме во минатото. Душан има поголема самодоверба и се чини дека има поголема контрола, но и тимот се промени, -вели Прандели кој смета дека нема никакоов проблем меѓу Душан и Макс Алегри.

-Мислам дека тоа никогаш не ни беше прашање. Тој не играше само поради неговите физички проблеми. Душан е одличен работник и комплетен напаѓач, но повторувам, мислам дека целокупното подобрување на Јувентус му помогна, порача Чезаре кој соработуваше со српскиот репрезентативец во Фиорентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни