Поврзете се со нас

Италија

Прандели: Фудбалските авторитети се грижат само за своите пари

Објавено

на

Поранешниот италијански селектор, Чезаре Прандели, смета дека фудбалските клубови и авторитети во земјата се обидуваат да го рестартираат првенството, иако во земјата секојдневно има многу човечки жртви поради коронавирусот.

Прандели е против идејата за рестарт се додека не постојат максимални гаранции, а тоа не може да се постигне во овие моменти.

– Не можам да разберам зошто брзаме, можеби тие се сигурни дека ништо лошо нема да се случи, но мене ми изгледа многу комплицирано.

– Не е ништо ново за фудбалот што продолжувањето на првенството е иницирано од економски аспект. Не сум изненаден што овој аспект пресудува, но се прашувам дали не ги губиме сите човечки вредности. дали не го почитуваме она е што е најважно, а тоа е здравјето, односно животот.

– Ако мене ме прашувате, ние се уште сме во вонредна состојба, – изјавил Прандели за „РаиСпорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни