Поврзете се со нас

Свет

Познато зошто Вилијан го раскинал договорот со Коринтијанс: Не дојдов за да ми се закануваат дека ќе ме убијат

Објавено

на

Бразилскиот офанзивец, Вилијан, го раскина договорот со Коринтијанс и по само една година во бразилскиот фудбал ќе се врати назад во Европа.

34 годишниот фудбалер не беше на нивото во тимот на Коринтијанс, а од дел од фановите почнал да добива и закани по живот, по шот морал да повлече потег и да го раскине договорот со тимот.

Вилијан сега е слободен агент и неговата намера била да се врати во европскиот фудбал каде ги носеше дресовите на Шахтјор, Анжи, Челси и Арсенал.

– Не дојдов во Бразил за да ми се закануваат по живот. Секогаш кога Коринтијанс ќе загуби, јас сум на удар. Не само јас, и мојата сопруга и децата…, -изјави Вилијан кој најави враќање во Европа.

Според Фабрицио Романо, за Вилијан има заинтересирани клубови од Премиер лигата, па тој би можел да се врати во едно од најсилните првенства во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни