Поврзете се со нас

Европски првенства

Познато зошто селекторот Кек добил црвен картон од судијата Орсато (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nzs_si

Словенија доживеа болна елиминација од Португалија во пенал рулетот, пораз кој посебно тешко се прифати поради одбранетиот пенал во продолжението, но и колосалната шанса која не ја реализираше Шешко.

Словенците ја пропуштија својата шанса да го шокираат фаворитот, а во драматичните 30 минути дополнителен фудбал, покрај нереализираниот пенал на Роналдо и утката на Шешко, имаше и исклучување на Матјаж Кек.

Црвениот картон на словенечкиот селектор не беше прикажан во телевизискиот пренос, но Кек го добил истиот од Орасто по крајот на првото продолжение, откако жестоко протестирал за досудениот пенал кој не беше реализиран.

Како што открива самиот Кек, негова цел била само да добие објаснување од искусниот италијански судија, но наместо тоа, на крајот заврши на трибините.

– Сакав само да добијам објаснување, но сега тоа не е важно. Кога ќе загубите од селекцијата како Португалија на пенали, тагата е уште поголема. Поразите не се слават, ова беше одличен меч со тажен крај за нас. Горд сум на моите момци, на покажаниот карарктер, – изјави Кек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни