Поврзете се со нас

Италија

Познато зошто Јувентус одлучил да го отпушти Мота, како и дефинитивниот избор за привремен наследник

Објавено

на

Фото:twitter.com/juventusfc

Јувентус доживеа два убедливи порази од Аталанта и Фиорентина, но раководството претставено од Кристијано Џунтоли тогаш најави дека стои зад тренерот Тиаго Мота и заедно ќе се обидат да го вратат тимот на победнички патеки.

Сепак, една недела подоцна, најугледните италијански медиуми предводени од секогаш добро информираниот „Тутоспорт“ објавија дека Мота е минато во торинскиот клуб и деновиве ќе биде официјализиран неговиот отказ и назначувањето на наследникот.

Информацијата е изненадувачка поради претходно споменатиот став на менаџментот, но „Тутоспорт“ вели дека има причина за промените, односно раководството било разочарано од начинот на кој Мота се однесувал по шокантно убедливите порази против големите ривали.

Мота едноставно не преземал ништо за да го разбуди својот тим, не одржал состаноци со фудбалерите, односно не била видена посакуваната реакција, дури и со помалата група играчи кои останаа на тренинзите поради настапот на репрезентациите.

Јувентус не сака да го ризикува пласманот во Лигата на шампионите и затоа е решено отказот да биде врачен веднаш, односно уште пред дуелот со Џенова, ценејќи го секој бод во битката за Топ 4 пласман.

Последното прашање било решено брзо, бидејќи поранешниот играч и член на стручниот штаб, Игор Тудор експресно ја прифатил понудата и чека подготвено да биде промовиран како нов предводник на Јувентус.

Вчера беше најавено дека Роберто Манчини е на пол-позиција, но Јувентус сепак не сакал да ги прифати неговите услови за подолг договор и да се обврзе на долгорочна соработка, посебно по лошиот избор направен со Мота. Тудор прифатил да биде тренер само два месеца, што значи дека не барал гаранција дека ќе ги боди „бјанконерите“ на Светското клупско првенство, нешто што било задолжителна клаузула во преговорите со Манчини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни