Познато во кои две групи ќе игра Македонија ако се пласира на Европското првенство

trofej-Euro2020

Репрезентацијата на Македонија е на две скалила до најголемиот историски успех во фудбалот, пласман на едно Европско првенство.

За да се случи тоа најпрво треба да го минеме Косово, а потоа и во финалниот натпревар да ја добиеме некоја од селекциите на Грузија или Белорусија.

Доколку се пласираме на континенталниот собир ќе играме во групите Ф или Ц, а каде ќе играме точно зависи од репрезентацијата на Романија. Ако Романија се пласира на Европското, Макдонија ќе игра во групата Ф каде носител е Германија, во спротивни ќе одиме во групата Ц каде противник ќе биде Холандија.

Facebook Коментари