Поврзете се со нас

Шпанија

Познато што видел Гундоган при влегувањето во соблекувалната на Барса

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Илкај Гундоган беше играчот кој силно го посакуваше Чави во летниот преоден рок и фантастичниот германски репрезентативец брзо покажа дека може да биде лидер во средниот ред, а како еден од најискусните во тимот на каталонскиот гигант, посебно внимание привлече со изјавата која ја даде по „Ел Класико“ поразот.

Барса остави добар впечаток, но на крајот дозволи пресврт на Реал Мадрид и со горчлив вкус го заврши големиот дуел на „Монжуик“, но според Гундоган, дел од фудбалерите не се однесувале доволно нервозно и бесно после еден така тежок пораз.

– Ќе бидам искрен, посакував овој пораз да не боли многу повеќе. Бев во соблекувалната, нормално е дека постои разочарување, но кога ќе загубиш ваков натпревар мора да постои поголема лутина и фрустрации. Ова е проблем, мора да има повеќе емоции, посебно по пораз, – изјави Гундоган во саботата.

Два дена подоцна, познатата шпанска новинарка Елена Кондис открива дека добила ексклузива за искрената изјава на Гундоган, односно го откри мотивот за бесот кој го искажа кон дел од навивачите.

Новинарката која е дел од речиси секој меч кој го игра Барселона обелодени дека Гундоган останал вџашен од сликата во соблекувалната, бидејќи видел како дел од играчите се смееле и си прикажувале видеа преку мобилните телефони непосредно по поразот.

Оваа верзија ја потврди и каталонскиот весник „Спорт“, кој додава дека играчите нема да бидат именувани, но добро ја научиле лекцијата со пораката која им ја испрати Илкај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни