Поврзете се со нас

Шпанија

Познато што точно му порача бесниот Куман на судијата Мунуера по крајот на „Ел Класико“

Објавено

на

Роналд Куман беше навистина бесен по крајот на „Ел Класико“ и не можеше да се помири со поразот кој го претрпе неговиот тим, пред се поради околностите во кои беше изрежиран истиот.

Холандскиот стручњак никако не можеше да ја прифати одлуката на главниот судија од 63-та минута, кога по прегледот на ВАР снимката, досуди пенал за гостите од Мадрид за дуелот кој го имаа Серхио Рамос и Клеман Ленгле во шеснаесетникот на Барселона.

Мартинез Мунуера процени дека има доволно елементи за најстрога казна, па по натпреварот кој заврши 1:3, главниот арбитар беше вербално нападнат од страна на Куман, монолог кој сега беше откриен од страна на телевизијата „Мовистар“.

– За што пенал? За што? Кажи ми, ги видели ли сликите од минатата седмица против Хетафе, двата прекршоци? Постои ВАР само против нас, – му порача Куман на Мунуера, при што не доби одговор од главниот судија.

– Му кажав на судиајта дека никој во Шпанија не може да ми го објасни ВАР системот. Во пет кола, ВАР стапува на сцена само против нас. Не стапи на сцена кога имаше пенал над Меси против Севилја, два црвени против Хетафе и уште неколку примери. Го прашав зошто ВАР работи само против нас. Тоа го прашав судијата, – откри самиот Куман на пресот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни