Поврзете се со нас

Свет

Познато што ќе следи во фудбалот ако голман добие „син картон“: Тренерите ќе имаат две опции

Објавено

на

Foto:twitter.com/FIFAWorldCup

ФИФА соопшти дека ќе продолжи со тестирањето на „син картон“ и дополнително ќе размисли дали ќе се воведе новото правило на највисоко ниво, но светските медиуми побараа и објаснувања за дел од нејаснотиите кои ги носи иновацијата која ја планираат светската Федерација и ИФАБ (телото кое ги одредува правилата во фудбалот).

Синот картон треба да претставува нешто измеѓу жолтиот и црвениот картон и секој фудбалер кој ќе добие картон со таква боја ќе оди на десетминутно „ладење“, но Маурисио Покетини го постави прашањето како ќе функционира ова правило кога казна ќе заработи голман.

Угледниот британски „Телефраф“ се погрижи да добие одговор од ФИФА и во првичната идеја се споменуваат две опции, односно тренерите би имале мала дилема околу тоа што можат да прават во наредните десет минути.

Доколку се покаже син картон на голман, фудбалските тренери ќе треба да одлучат дали да стават обичен играч на голот кој веќе е на теренот, или да извршат една трајна измена, а втората опција изгледа навистина бизарно.

Доколку тренер се одлучи да стави голман во тие десет минути, по истекувањето на казната ќе има два голмани на располагање (оној што се враќа), па ќе биде принуден да изврши уште една трајна измена.

Очигледно е дека правилото кое го подготвуваат ФИФА и ИФАБ се уште не е најјасно кристализирано, па не чуди што голем број познати имиња веќе почнаа да го критикуваат овој предлог.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни