Познато колку ќе отсуствува Кејн по тешката повреда на зглобот

hari-kejn-328893289

Најдобриот стрелец во Премиер лигата Хари Кејн ги повреди лигаментите на зглобот по трет пат во 18 месеци во неделата на мечот на Тотенхем против Бурнмаут.

Според „Мирор“, во Тотенхем веруваат дека паузата ќе биде иста како во 2016 година, кога напаѓачот паузираше седум недели. Според дијагнозата, Кејн може да се врати за последните три меча во Премиер лигата, против Вотфорд на 30 април, ВБА и Лестер.

Во зависност од настапите на Тотенхем во ФА купот, Кејн може да настапи и на уште два меча во натпреварувањето, што ќе му овозможи поголема минутажа да се врати во форма за Светското првенство во Русија.

Facebook Коментари