Поврзете се со нас

Шпанија

Познато колку долго ќе отсуствува малерозниот Арда

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти се обиде да го охрабри Арда Ѓулер по третата повреда која ја заработи Турчинот како член на Реал Мадрид, но италијанскиот стручњак истовремено беше искрен и призна дека талентираниот фудбалер е депримиран по најновиот шок кој го доживеал.

Набрзо по пристигнувањето во „кралскиот клуб“, Арда мораше да ја прекине турнејата и да направи операција на коленото, а оваа потешка повреда повлече уште две мускулни повреди, од која најновата ќе го оддалечи од терените извесно време.

Доброинформираните „Марка“ и „АС“ обелоденија дека Арда скинал мускулно влакно на квадрицепсот и тоа е најновата повреда која го оддалечува од терените, а која истовремено прави неговото деби да биде одложено по трет пат.

Талентираниот Арда веќе надмина една мускулна повреда и беше дел од тимот на последните два меча, но остана неискористена резерва и многумина останаа разочарани од таквиот епилог.

На крајот испадна дека Ѓулер заработил повреда на загревањето пред мечот со Брага во Лигата на шампионите, а лекарските прогнози се дека ќе мора да направи пауза во период од еден месец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни