Шпанија
Познато кој ќе ја наследи „8-та“ на Крос во Реал Мадрид
Тони Крос пред два дена ја извести јавноста дека ќе замине во пензија по крајот на оваа сезона и автоматски се претвори во топ тема во шпанската јавност, бидејќи пред него се последните два натпревари како играч на Реал.
Германецот претсојниот викенд ќе го одигра последниот натпревар на „Бернабеу“ против Бетис, а потоа големото финале во Лигата на шампионите ќе биде последен меч за него на клупски план.
Крос најави дека целосно ќе се повлече по крајот на Европското првенство кое се игра во родната Германија, па покрај тоа што ќе остави голема празнина со неговото заминување, доста интересно ќе биде да се види кој ќе го наследи неговиот број во Реал.
„8-та“ беше симбол за Крос во изминатата деценија и Тони максимално добро го оправда значењето на овој број, кој како што најавуваат угледните мадридски медиуми, наредната сезона ќе замине во рацете на Феде Валверде.
Уругваецот многумина го сметаат за природен наследник на Крос во средниот ред на Реал, па угледниот „АС“ меѓу редови ја протолкува изјавата на самиот Германец и уште отсега заклучи дека Феде ќе биде тој што ќе го носи бројот на својот идол во сезоната која ќе следи.
– Имаш се што треба за да бидеш лидер и капитен на тимот во иднина. Јас секогаш ќе бидам на твоја страна и утре ќе зборуваме за други теми…. за бројот 8, – му порача Крос на Валверде откако овој емотивно се отвори за најавеното пензионирање на Германецот.
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет12 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)