Познато кога Иниеста ќе ја соопшти одлуката околу неговата иднина

andres-leo

Легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста ќе ја објави одлуката околу неговата иднина веднаш по финалниот натпревар од Копа дел Реј.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека 33 годишниот Шпанец веќе ја донел одлуката, но ќе ја официјализира за една недела со цел да не создава дополнителен притисок врз своите соиграчи пред финалето кое Барселона го игра против Севилја.

Речиси е сигурно дека фантастичниот фудбалер нема да продолжи со Барселона, а она што се зборува во светот на фудбалот е дека Иниеста веројатно ќе ја прифати понудата на кинескиот, Тианјин Куанјиан. Сепак, постојат шпекулации кои говорат дека играчот од средниот ред ќе стави крај на активното играње фудбал по крајот на оваа сезона.

Останува да почекаме и да ја видиме официјалната одлука на еден од најдобрите фудбалери од средниот ред на сите времиња.

Facebook Коментари