НБА
Познато име се враќа во „Палау Блауграна“: Барселона договори НБА засилување

Барселона нема по добро да ја памети минавата сезона иако успеа да го освои Купот на Шпанија, но во исто време ја загуби титулата од Реал Мадрид во шампионатот, а во Евролигата направи чекор наназад во однос на претходната кампања.
Поради ова е јасно дека ќе има промени во тимот предводен од Шарунас Јасикевичиус со тоа што веќе некои се официјализирани, односно си заминаа Брендон Дејвис, Најџел Хејс-Дејвис и Роландс Смитс. Денеска пак специјализираниот кошаркарски сајт „Јурохупс“ информира дека каталонците ја активирале првата „бомба“, НБА засилување.
Имено според нивни извори нов член на шпанскиот состав е Томаш Саторански кој изминативе години беше дел од Вашингтон Визардс, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Сан Антонио Спарс во најсилната лига на светот.
Договорот е со важност од четири години што значи дека се размислува на долги стази во Барселона, клуб во кој Чехот настапуваше од 2014 до 2016 година што значи многу добро му е позната „Палау Блауграна“.
Се очекува во Каталонија да пристигне и центарот Јан Весели што значи дека Барселона би требала да има чешко дуо во наредната сезона/сезони.
-
Пливањепред 23 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 24 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Репрезентацијапред 15 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал