Поврзете се со нас

Македонија

Познато име се враќа во Ѓорче: „Лавовите“ соопштија кој ќе го наследи Бајрами (ФОТО)

Објавено

на

Екипата на Македонија Ѓорче Петров пред неколку дена ја заврши соработката со тренерот Муарем Бајрами по што веднаш се впушти во акција за пронаоѓање на негов наследник, човек кој ќе може да ги исполни зацртаните цели на клубот.

Во јавноста се споменуваа неколку имиња за да денеска стана официјално кој ќе ги води „лавовите“-тоа е некогашниот голман на оваа екипа Горан Симов. Симов мина неколку добри години во Ѓорче Петров, го освои Куп трофејот во сезоната 2005/2006 за да сега добие шанса како тренер да донесе нови радости.

Ѓорчепетровци со 26 бода се на 7 место на прволигашката табела, а ќе играат и во полуфиналето на Купот.

Симов своето деби ќе го има против Тиквеш во Кавадарци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни