Поврзете се со нас

Свет

Познато име: Аргентинска легенда ќе биде тренер на Меси и компанија во Интер Мајами

Објавено

на

foto:twitter.com/LuisSuarez9

МЛС составот Интер Мајами ќе добие нов тренер откако досегашниот Херардо Тата Мартино одлучи да се повлече поради лични причини.

Составот од Флорида ги освои првите две титули под водство на Мартино, па неговото име дефинитивно ќе биде запишано во историјата на клубот.

-Беше чест да се работи во ваков посебен клуб и да се води ваков посебен тим. Уживав во мојот престој во Интер Мајами и ќе ги чувам спомените и врските создадени овде до крајот на мојот живот. Заминувам со ништо друго освен благодарност за моето време овде и би сакал да изразам искрена благодарност до сите што тоа го овозможија, -порача 62-годишниот Аргентинец.

Според последните информации Интер Мајами веќе го договорил неговиот наследник и тоа е Хавиер Маскерано.

Некогашниот ас на Барселона и Ливерпул веќе некое време работи со аргентинската селекција до 20 години, го водеше и олимпискиот тим, ама ова ќе биде прво поголемо искуство. Популарниот Ел Хефесито добро ги познава Меси, Суарез, Алба и Бускетс со кои соработуваше во Барса, а со првиот и во националниот тим.

Договорот треба да биде со важност од три години.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни