Поврзете се со нас

Шпанија

Познато е зошто „поцрвене“ Џуд: Судијата Мансано откри каква порака добил од Белингам по крајот на мечот

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам постигна гол за победа на Реал Мадрид на тешкото и жешко гостување на „Месталја“, но Хил Мансано го остави без посакуваната сатисфакција бидејќи отсвири крај на мечот една секунда пред топката да стигне од неговата глава.

Главниот судија го „прекина“ последниот напад една секунда пред постигнатиот гол и истиот не беше впишан во официјалниот бележник, па така големото шпанско дерби заврши 2:2.

Ова предизвика голем гнев кај гостите од Мадрид кои веднаш му се нафрлија на искусниот судија, а Белингам на крајот го извлече најдебелиот крај бидејќи заработи и црвен картон.

Мансано со доставениот судиски записник откри каква порака добил од Џуд, но поради тоа што во својот тефтер го нагласил зборот „агресивен“, се претпоставува дека Белингам ќе добие суспензија од два до три меча.

– По крајот на натпреварот, во моменти кога се уште бевме на теренот, играчот со број „5“, Џуд Белингам тргна кон мене со викање и со агресивен став. Во неколку наврати ми повтори „Тоа е е.ан гол“, – гласи записникот на Мансано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни