Поврзете се со нас

Германија

Познато е кој ќе ја земе „седумката“: Дортмунд го потврди наследникот на Санчо (ФОТО)

Објавено

на

Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд во овој преоден рок остана без еден од своите најдобри играчи Џејдон Санчо кого одлучи да го продаде во Манчестер Јунајтед за сума од 73 милиони фунти.

Дортмунд и во минатото знаел да се „ослободи“ од квалитетни играчи, па за истите да најде соодветна алтернатива. Бундеслигашот веќе повлече потег и го ангажираше Дониел Мален од ПСВ, ама тој нема да ја носи „седумката“ која досега ја имаше Санчо.

Имено на Холанѓанецот му припадна дресот со број 21, додека пак бројот на англискиот репрезентативец ќе го наследи талентирнаиот Џовани Алехандро Рејна.  Американецот ја имаше „32-ката“ за да сега ја добие „седумката“ што е јасен знак дека ќе добие поголема, позначајна улога во тимот предводен од Марко Розе.

Џовани досега има одиграно 64 мечеви за Борусија и дадено осум гола со девет асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни