Поврзете се со нас

Македонија

Познато е кој ќе ја води Брера до крајот на сезоната

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Македонскиот фудбалски прволигаш Брера Струмица објави кој ќе во води тимот до крајот на тековната натпреварувачка сезона 2024/2025.

Откако пред неколку дена беше потврдена разделбата со стратегот Горазд Михаилов, денеска стигна информацијата дека Брера во вториот дел од кампања ќе ја предводи двоецот Тони Атанасов и Панче Стојанов.

Атанасов ќе биде прв тренер, Стојанов ќе му биде десна рака, а во стручниот штаб ќе бидат уште Дарко Коцев како кондиционен тренер и Ѓорги Шопов како тренер на голманите.

-Подготвките ги започнуваме утре сабота и до стартот на вториот дел од првенството ќе работиме на подигнување на физичката кондиција но и на техничко тактички план. Според планот ќе се работи секојдневно а планирани се и неколку контролни средби со кои ќе се подигне нивото на екипата за првенствените и куп мечевите напролет. Паралелно како клуб работиме и на ангажирање фудбалери кои заедно со потенцијалот што го поседуваме ќе го носат товарот во преостаниот дел од првенството, порачаа струмичани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни