Поврзете се со нас

Англија

Познато е кој ќе го води тимот во ПЛ: Лестер го соопшти наследникот на Мареска

Објавено

на

foto: x.com/LCFC

Лестер успеа експресно да обезбеди кам-бек во Премиер лигата, резултат кој беше остварен по водство на Енцо Мареска, стратег кој доби богата, атрактивна понуда од Челси и одлучи да го напушти „Кинг Пауер“.

Ова значеше дека „лисиците“ ќе мора да побараат нов менаџер, потрега која траеше некое време, но и која денеска официјално заврши со назначување на 44-годишниот Стив Купер за нов предводник на екипата.

-Навистина сум возбуден и горд што сум назначен за менаџер на првиот тим на Лестер Сити. Ова е фантастичен клуб со богата историја и страсни поддржувачи.

-Возбуден сум што работам со таков талентиран тим и се радувам на предизвикот да ги оствариме нашите заеднички амбиции во Премиер лигата, -порача Купер кој потпиша тригодишен договор.

Стив последниот ангажман го имаше во Нотингем Форест, претходно го водеше Свонси, а беше и предводник на англиските селекции до 16 и 17 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни