Поврзете се со нас

Англија

Познато е кога Премиер лигата може најрано да се врати

Објавено

на

Возбудувањата во англиската Премиер лига можат најрано да се вратат во текот на наредниот месец.

Ова е одлуката која ја донесе британската Влада, а во која се вели дека ниту еден професионален спорт, дури и зад затворени врати нема да добие зелено светло за продолжение најрано до 1. јуни. Владата објави документ од 50 страни во кои се прецизира како ќе тече процесот на попуштање на мерките по пандемијата со коронавирусот.

Пред 1 јуни се забрануват секакви културолошки и спортски настани зад затворени врати со оглед на ризикот кој постои, поточно на големо да се врати КОВИД-19.

Клубовите во понеделник ќе имаат состанок на кој ќе дискутираат за проектот Рестарт.

Да потсетиме ПЛ е суспендирана од 13 март, а до крајот треба да се одиграат уште 92 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни