Познато е кога Дембеле ќе и биде на располагање на Барселона

dembele-lezi

Младиот француски напаѓач, Усман Дембеле доживеа потешка повреда на самиот старт на новата авантура во дресот на Барселона. Дембеле искина мускулно влакно на задната ложа на средбата против Хетафе по што експресно беше испратен на операција во Финска каде докторот Сакари Орава успешно го изврши хируршкиот зафат.

Потоа се поставија дијагнози за тоа колку време ќе мора да паузира, односно беше посочен интервал од три до четири месеци со тоа што самиот пак играч најави дека се враќа на терените за два месеци.

Меѓутоа ако се суди по последната изјава на специјалистот Орава останува во игра првичното предвидување, поточно Усман ќе се врати на терените по Нова година.

-Постојано сум во контакт со доктор Пруна во Барселона кој ми дава детали за тоа што играчот прави. Во овој момент се оди како што треба. Кога ќе се врати? Како многумина млади тој е опстимист, ама јас сакам пристапот да биде внимателен и да се остане на првичното време. Причината за повредата? Можеби тоа е притисокот на кој беше изложен по потпишувањето со новиот клуб, тоа што не кажал дека претходно почувствувал болка во тој дел, -рекол Орава.

Facebook Коментари