Познато е каде ќе се игра финалето на Копа Дел Реј: Барселона ќе ја брани титулата во Мадрид!

barca-zagrevanje

Каталонскиот гигант Барселона и оваа година има можност да дојде до трофејот во Купот на Шпанија, но за да се случи тоа ќе мора да го мине последниот чекор и во завршниот меч во ова натпреварување да биде подобра од Севилја.

До денеска имаше дилеми за тоа каде ќе се игра финалето, но по денешниот состанок во просториите на шпанската федерација е одлучено тоа да биде Мадрид и стадионот „Ванда Метрополитано“ кој има капацитет од 67,829 гледачи. Таа средба ќе се игра на 21 април, а точното време допрва ќе биде утврдено и објавено.

Ова ќе биде прво одиграно финале во новиот дом на Атлетико, стадион на кој во сезоната 2018-19 ќе се води битката за пехарот во Лигата на шампионите.

Дуелот меѓу Барселона и Севилја е реприза на финалето на Купот од 2016 година кога каталонците на стариот стадион на Атлетико (Висенте Калдерон) славеше со 2-0 по продолженијата со погодоците на Алба и Нејмар.

Facebook Коментари