Познатите се двата гиганти кои го „ловат“ Икарди

Mauro Icardi

Постои голема можност екипата на Интер по крајот на оваа натпреварувачка сезона да остане без услугите на својот капитен и најдобар напаѓач, Мауро Икарди особено ако клубот не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Ама и во случај „нероаѕурите“ да дојдат до најелитното натпреварување проблемот со Икарди нема да биде така решен, бидејќи на неговата врата чукаат два големи клубови. Тоа веќе го посочи неговата сопруга Ванда Нара која не откри имиња, но затоа денеска „Кориере Дело Спорт“ објави кои се тие-ПСЖ и Реал Мадрид.

Лидерот во Франција е подготвен да му понуди 40 милиони за петгодишен договор со тоа што Аргентинецот би бил директна замена за Единсон Квани кој би требало да си замине на лето од таборот на „светците“.

Втората опција е Реал кој сака да го замени Карим Бензема, се споменува сума од 45 милиони евра за петгодишен договор плус Аргентинецот би задржал 30-50 проценти од своите права. Сепак „кралевите“ размислуваат и за други опции Роберт Левандовски од Баерн Минхен Хари Кејн од Тотенхем.

Facebook Коментари