Поврзете се со нас

Италија

Познатиот рапер Дрејк вложи капитал во италијански прволигаш кој го спаси од банкрот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/VeneziaFC_EN

Познатиот канадски рапер Дрејк долго време важи за голем спортски фан и често знае да биде дел од важни настани, а доста често знае и да се обложи и да даде свои типови со цел да заработи пари.

Реномираниот уметник воглавно го крадеше шоуто на натпреварите во НБА лигата, но сега реши за првпат да инвестира во европскиот фудбал и во иднина ќе биде тесно поврзан со Венеција.

Дрејк вложил капитал во новиот италијански прволигаш Венеција, а тоа го соопшти инвестицискиот фонд АПЕКС од кој составен дел е и самиот Дрејк.

– Познатата музичка икона Дрејк се придружи на АПЕКС и стана дел од групата нови инвеститори на Венеција. Овој возбудлив развој доаѓа како дел од поширокото стратешко партнерство со неколку инвеститори кои ги здружуваат силите во клубот од италијанската Серија А.

– Одлуката на Дрејк да инвестира во Венеција ФК го означува неговиот прв значаен напад во европскиот фудбал, истакнувајќи го неговиот длабок интерес во спортот. Овој потег треба да донесе нов бран на ентузијазам и меѓународно признание на клубот, кој постојано ја зголемува својата важност на теренот, но и надвор од него, – гласи објавата на АПЕКС.

Според информациите, Дрејк на почетокот на годинава веќе вложил 40 милиони евра за да ја спаси Венеција од банкрот, а откако клубот се врати во Серија А, реши и дефинитивно да биде дел од сопственичката структура.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни