Поврзете се со нас

Англија

Познатиот политичар од Гана кој го исмеваше Мегваер се јави со нов став за стоперот, Хари реагираше преку социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Хари Мегваер е жртва на медиумски линч повеќе од две години и мораше да се носи со секакви ситуации, а посебно бизарно беше кога пред една година беше исмеван во парламентот на Гана.

Политичар од оваа земја ги споредуваше грешките на Мегваер со оние кои ги прават неговите политички ривали од противничките партии, но сега дојде време да му се извини на стоперот на Манчестер Јунајтед.

Исак Адонго во своето најново обраќање во Гана посочи дека Хари Мегваер направи пресврт и се претворил во клучен играч на Манчестер Јунајтед, додека неговиот главен политички ривал и натаму си постигнува автоголови.

Во обраќањето, Адонго јавно му се извини на Хари за тоа што го кажа пред една година, а за да биде ситуацијата уште поинтересна, со реакција се јави и англискиот репрезентативец.

– Исак Адонго, извинувањето е прифатено. Се гледаме наскоро на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни