Познати учесниците за квалификациите за СП Кина 2019

basketball

Косово со победата против Естонија успеа да избори историски пласман во квалификациите на СП Кина 2019. Косово, кој беше директен конкурент,  успеа да и зададе сериозен удар на Македонија и да ја елиминира од понатамошните натпревари. Со тоа, Косово отвори сериозни реакции во Македонија, до каде е развојот со кошарката,  како на клупско, така и на репрезентативно ниво. Додека, во Македонија, во наредниот период ќе се ,,тераат” политики и ќе се прашуваат меѓусебно сите стручњаци каде е грешката со развојот на македонскатакошарка, ФИБА  веќе ги доби учесниците во квалификациите за СП Кина 2019.

Согласно критериумите на ФИБА, Бугарија, Естонија, Холандија и Шведска ќе играат во групите Б, Д, Ф и Х, а Косово, Австрија, Босна и Херцеговина и Белорусија во другите групи. Ждрепката ќе биде на 24 август во Минхен. Квалификациите за СП во Кина ќе се играат од 23 ноември ова година до 25 февруари 2019 година.

Facebook Коментари