Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Познати стартните 11: Анчелоти ја реши единствената дилема, Гвардиола направи три измени во составот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCityES

Карло Анчелоти го објави својот тим со кој ќе стартува на „Итихад“ на два часа пред дуелот со Манчестер Сити, но на Пеп Гвардиола му требаше малку повеќе време за а ги отвори картите.

На еден час пред големата пресметка, шпанскиот стручњак го објави стартниот тим и се одлучи за три измени во споредба со мечот на „Бернабеу“, додека Дон Карло направи само една принудна измена.

На местото на суспендираниот Чуамени, местото во срцето на одбраната го зазема Начо, а практично со тоа Анчелоти ја реши единствената дилема која ја имаше за реваншот.

Италијанецот се мислеше дали да го игра Начо, или повратникот Милитао, но на крајот одлучи капитенот да биде тој кој ќе му прави друштво на Ридигер во одбраната.

Останатите 10 се истите оние од првиот меч пред осум дена, додека Гвардиола направи три измени и во почетните 11 ги смести голманот Едерсон, десниот бек Вокер, како и Де Брујне, а на клупа останаа Ортега, Стоунс и Ковачиќ кои беа стартери пред една седмица.

Реал Мадрид: Лунин, Карвахал, Менди, Начо, Ридигер, Камавинга, Валверде, Крос, Винисиус, Родриго, Белингам

Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Гвардиол, Аканџи, Диас, Родри, Де Брујне, Силва, Фоден, Грилиш и Халанд

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни