Познати составите за мечот Вардар- Кјелце: „Црвено црните“ речиси комплетни го дочекуваат противникот (Фото)

Vardar-Meshkov2

Македонскиот и европскиот ракометен шампион, Вардар речиси комплетен ќе го пречека тимот на Кјелце на денешната средба која ќе се одигра во 17:30 часот во салта „Јане Сандански“.

Во составот на Вардар се наоѓаат и неизвесните Даинис Криштопанс, Павел Атман и Сергеј Горпишин.

Во составот е и капитенот Стојанче Стоилов, а и овој пат Кокшаров се реши за тројца голмани, па така можно е Марко Кизиќ да добие повторно шанса меѓу стативите по блесокот во претходното коло против Мешков Брест.

Facebook Коментари