Поврзете се со нас

Свет

Познати сите учесници на Светското клупско првенство

Објавено

на

foto: x.com/Libertadores

Тимот на Ботофаго ја доби битката со Атлетико Минеиро и за прв пат во својата историја дојде до трофејот во Копа Либертадорес, натпреварување кое е Лига на шампиони на Јужна Америка.

Воедно со ова бразилскиот состав стана последниот клуб со обезбеден билет за историското Светско првенство кое наредната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави. Вкупно 32 тима ќе бидат дел од настанот кој ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули 2025 година.

На турнирот ќе учествуваат дванаесет клуба од Европа, шест од Јужна Америка, пет од Северна и Централна Америка, четири од Азија, четири од Африка и еден од Океанија.

Домаќини се Мајами, Сиетл, Лос Анџелес, Орландо (два стадиона), Атланта, Нешвил, Шарлот, Синсинати, Вашингтон, Филаделфија и Њујорк (Њу Џерси).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни