Поврзете се со нас

Европски првенства

Познати сите осминафинални двојки на ЕП: Четири големи фаворити се на иста страна од ждребот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Последните два натпревари во групната фаза на Европското првенство ги донесоа последните два патници во осминафиналето, а тоа се селекциите на Турција и Грузија.

Турците со победа над Чешка го осигураа второто место во својата група, додека Грузија направи сензација и со триумф над Португалија од 2:0 оствари историски успех.

Грузијците со оваа победа направија поместување во најдобрите третопласирани селекции, па така ја потиснаа Унгарија која на крајот остана без пласман во нокаут фазата.

По одиграните натпревари во Хамбург и Гелзенкирхен, станаа познати сите осминафинални парови на Европското првенство, но познат е и целиот костур и патот до финалето во Берлин.

Шпанија – Грузија
Германија – Данска
Португалија – Словенија
Франција – Белгија
Романија – Холандија
Австрија – Турција
Англија – Словачка
Швајцарија – Италија

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни