Поврзете се со нас

Олимписки игри

Познати сите четвртфинални парови во Париз: Шпанците со последниот гол против Хрватска ја избегнаа Данска

Објавено

на

foto:www.facebook.com/aalborghaandbold

Голот на Алеиш Гомез во мрежата на Хрватка на неколку секунди пред крајот значеше дека „коцкестите“ и дефинитивно ги пакуваат куферите, но од друга страна направи Шпанија да го избегне најтешкиот тим од групата Б.

Ремито кое беше активно до последниот гол носеше пресметка против моќната Данска, но на крајот Шпанците успеаја да ги избегнат Хансен и компанија и сега во четвртфиналето ќе играат против Египет.

Завршната драма направи да гледаме скандинавско дерби во фазата од осумте најдобри, бидејќи Данска сега ќе ги одмери силите со секогаш незгодната Шведска.

Третиот четвртфинален пар е оној меѓу Германија и Франција, додека Норвешка ќе ги вкрсти копјата со Словенија.

До оваа фаза на турнирот во Париз, убедливо најдобра игра покажа Данска, но никако не смее да се исклучи Франција и покрај тоа што едвај се „протна“ со денешната победа над Унгарија.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни