Поврзете се со нас

Лига на нации

Познати се термините за битките во Лигата на нации: Македонија почнува и завршува со Бугарија

Објавено

на

Македонската А фудбалска репрезентација вчера ги дозна ривалите за новото издание од Лигата на нации, издание во кое се најдовме во дружината Ц или поточно групата 4 во оваа фаза каде ќе се соочиме сососедот Бугарија, потоа Грузија и аутсајдерот Гибралтар.

Ова се секако се ривали со кои можеме да се надигруваме, победуваме, ама тоа ќе треба да го потврдиме на зелениот терен. Веќе го знаеме и распоредот на битките во групата, па така овој дел ќе го започнеме на 2. јуни наредната годинапротив Бугарија, а ќе го завршиме против истиот противник на 26. септември.

Распоред на натпреварите во Лигата на нации:

2. јуни 2022. Бугарија – Македонија (20:45)

5. јуни 2022. Гибралтар – Македонија (18:00)

9. јуни 2022. Македонија – Грузија (20:45)

12. јуни 2022. Македонија – Гибралтар (18:00)

23. септември 2022. Грузија – Македонија (18:00)

26. септември 2022. Македонија – Бугарија (20:45)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни