Познати се стартните состави: Македонија почнува со формација 4-2-3-1 против Израел (ФОТО)

goce-polska

Македонија вечерва го затвара квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство и тоа со средбата против Израел на националната арена „Тодор Проески“.

Ова е дуел на кој доколку славиме можеме да го освоиме третото место со што за нас би бил најдобар резултат во едни квалификации со тоа што за да се случи тоа мора и Словенија да загуби на гостувањето кај Полска.

Селекторот Игор Ангеловски одлучи вечерашниот натпревар да го започне во формација 4-2-3-1 во која најистурен ќе биде членот на француски Ним, Влатко Стојановски. Зад него се капитенот Пандев со Костадинов и Елмас, додека останатите места се резервирани за Николов, Барди, Ристевски, Муслиу, Ристовски и Велкоски.

Кај гостите пак сосема очекувано најопасни, најистурени ќе бидат Дабур и Захави, плус Себа.

mkd-izrael

Facebook Коментари