Познати се составите за првите осминафинални битки во ЛШ (Фото)

bufon

Вечерва од 20:45 часот започнуваа нокаут возбудувањата во Лигата на шампионите и тоа со натпревари во Италија и Швајцарија.

Секако далеку поголемо внимание предизвикува битката во Торино која ќе ја водат Јувентус и Тотенхем, битка за која веќе се познати стартните постави. Калчолигашот како што беше најавено ќе игра во формација 4-2-3-1 со Буфон на голот, потоа Ше Шилјо, Кјелини, Бенатија, Сандро, Пјаниќ, Кедира, Бернардески, Коста, Манџукиќ и како најистурен е Игуаин.

Лорис сосема очекувано е на голот на премиерлигашот, Вертонген, Санчез, Дејвис и Орие се во одбраната, средината ќе ја чуваат Дајер, Ериксен и Дембеле, додека напаѓачката тројка е Кејн, Ламела и Деле Али.

Базел тргнува внимателно во мечот со Манчестер Сити со Оберлин како истурен напаѓач, додека „граѓаните“ играат во препознатливата 4-3-3.

bazel-city

Facebook Коментари