Познати се составите: Бејл и Силва резервисти на „Бернабеу“, Клоп почнува со Ловрен (Фото)

real soblekuvalna

По двете ефикасни средби кои вчера се одиграа во Торино и Базел, денеска не очекуваат уште две нови пресметки од Лигата на шампионите и тоа во Шпанија и Португалија.

Дербито се игра на „Сантијаго Бернабеу“ меѓу Реал Мадрид и Пари Сен Жермен каде Зинедин Зидан и Унаи Емери одлучија оваа битка да ја започнат без Герет Бејл и Тијаго Силва. Роналдо, Бензема и Иско се најистурени кај домаќините, а кај „светците“ најголемата опасност ќе доаѓа од тројката Нејмар, Мбапе и Бензема.

Втората средба е на „Драгао“ каде домаќините без повредените Абубакар и Переира ќе се обидат да дојдат до позитивен резултат против премиерлигашот Ливерпул чиј тренер Јирген Клоп реши Ловрен да му биде партнер на Ван Дајк во срцето на одбраната на сметка на Матип кој е на клупата за резерви.

porto-liverpul

Facebook Коментари