Поврзете се со нас

Евролига

Познати се сите плејоф парови во Евролигата

Објавено

на

Со мечот меѓу Макаби Тел Авив и Фенербахче на кој домаќините победија со 85-76  беше ставена точка на регуларниот дел од сезоната во Евролигата, односно официјално ги добивме сите четвртфинални парови за плејофот.

Макаби со последниот триумф се искачи на петтото место на табелата и со тоа го избра својот нареден противник-тоа е Реал Мадрид кој во моментов има доста проблеми и е далеку од посакуваната форма.

Оној што ќе биде подобар во оваа пресметка во полуфиналето ќе налета на победникот од битката меѓу првоплсираната Барселона и Баерн Минхен.

Останатите два пара се полуфиналето се Олимпијакос-Монако и Олимпија Милано-Анадолу Ефес.

Во плејофот се игра до три добиени, разигрувањето почнува на 19 април и ќе трае најмногу до 4 мај ако има мајсторки.

Фајналфорот во Белград пак е закажан за периодот од 19 до 21 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни