Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Познати се сите патници во Топ 16 фазата, ќе имаме интересни битки во осминафиналето (ФОТО)

Објавено

на

Со вчерашните натпревари беше комплетирана плејоф рундата во Лигата на шампионите и сега ги имаме сите осминафиналисти кои утре ќе ги добијат ривалите за оваа фаза во најквалитетното клупско натпреварување.

Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, ПСВ Ајндховен, Феенорд, Баерн Минхен, Бенфика и Клуб Бриж се осумте тимови кои се изборија за место во наредната рунда каде пак од претходно беа  Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.

Ждрепката за утре е закажана од 12 часот, ама веќе се знае кој со кого може да игра, односно повеќе од јасно е дека ќе имаме доста интересни, топ битки за пласман во четвртфиналето.

Можни парови за осминафиналето:

ПСЖ ќе се соочи со Ливерпул или Барселона
Клуб Бриж ќе се соочи со Лил или Астон Вила
Реал Мадрид  ќе се соочи со Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен
ПСВ ќе се соочи со Арсенал или Интер
Феенорд ќе се соочи со Интер или Арсенал
Баерн Минхен ќе се соочи со Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен
Борусија Дортмунд ќе се соочи со Астон Вила или Лил
Бенфика ќе се соочи со Ливерпул или Барселона

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни