Поврзете се со нас

Италија

Познати се повеќе детали за трансферот на Мората во Јувентус

Објавено

на

blank

Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората како што стојат работите ќе се врати во Торино и одново ќе го облече дресот на Јувентус.

Ова го велат голем број на италијански и шпански медиуми, па во наредниве часови се очекува да добиеме официјална потврда. Наводно Мората веќе утре ќе ги има медицинските тестови по што ќе стави потпис на договорот со „старата дама“.

Се очекува да биде едногодишна позајмица вредна 10 милиони евра со опција неговиот договор од Атлетико Мадрид да биде откупен на крајот на сезоната за 45 милиони евра.  Меѓутоа има и информации оти Јуве ќе има клаузула со која ќе може ја продолжи позајмицата на Шпанецот и за натпреварувачката 2021-22 за 10 милиони евра.

Во тој случај во јуни 2022 година напаѓачот ќе може да биде откупен за 35 милиони евра.

Алваро имаше една успешна авантура во Јуве каде 2014 до 2016 година, период во кој даде 27 голови со 19 асистенции на 93 мечеви. Потоа Реал Мадрид го врати во своите редови по што следуваат преселби во Челси и Атлетико Мадрид каде се уште официјално е член.

Шпанскиот прволигаш пак како замена за Мората ќе го довесе Луис Суарез.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни