Поврзете се со нас

Англија

Познати се паровите за четвртфиналето во англискиот Лига Куп, дербито е на „Стемфорд Бриџ“

Објавено

на

foto:twitter.com/Carabao_Cup

По комплетирањето на осминафиналната рунда во англискиот Лига Куп веднаш беше извршена ждрепката за четвртфиналето, фаза во која ќе гледаме три премиерлигашки пресметки.

Дербито ќе биде на „Стемфорд Бриџ“ каде Челси ќе се соочи со Њукасл, тим кој во претходните две рунди ги елиминираше Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, односно ако сака да игра во полуфиналето ќе мора да се справи со уште еден великан.

Ливерпул пак по успешната гостинска мисија против Борнмут се враќа на „Енфилд Роуд“ каде ќе го пречека Вест Хем кој да не заборавиме го суреди Арсенал.

Другите две двојки се Евертон-Фулам и Порт Вејл-Мидлзброу.

Овие средби се закажани за недалата која започнува на 18 декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни