Познати се групите за квалификациите за пласман на ЛОИ во Токио

bogdan-ceska

Од претходно беа утврдени градовите домаќини на турнирите за пласман на Летните Олимписки Игри во Токио за да денеска ги дознаеме и групите за тој последен предизвик кој води на големиот настан.

Во групата во Белград освен домаќинот Србија ги имаме селекциите на Доминиканска Републилика, Нов Зеланд, Пуерто Рико, Сенегал и Сенегал со тоа што првите три се дел од А групата, додека вторите од Б што значи двете најдобри селекции од истите одат во полуфинале, па во финале и победникот обезбедува место на ЛОИ.

Истиот принцип важи и на останатите места, па така во Каунас се Литванија, Јужна Кореја, Венецуела (Група А), Послска, Словенија и Ангола (Група Б).

Во Викторија (Канада) ќе бидат присутни селекциите на Грција, Кина, Канада (Група А), Уругвај, Чешка и Турција (Група Б), додека во Сплит освен Хрватска ќе се натпреваруваат Тунис, Бразил (Група Б), Германија, Русија и Мексико.

Facebook Коментари