Поврзете се со нас

Светски првенства

Познати се четвртфиналните парови и термините за овие битки на СП

Објавено

на

Вчера заврши главната фаза на Светското ракометно првенство, па денеска е ден за одмор по што следат нови битки од кои најинтересни се оние за врвот.

Пред нас е топ 8 фазата, ги имаме сите четвртфиналните парови, но и термините во кои ќе се одиграа овие дуели.

Нокаут рундата ќе биде отворена утре во Загреб и тоа со соочувањето меѓу Хрватска и Унгарија, селекција која за малку ќе ја совладавме во првиот меч во турнирот. Оваа средба е закажана за 18 часот, додека пак во 21 часот на мегдан ќе излезат Франција и Египет.

Во средба пак Данска и Бразил ќе играат во Осло од 17:30 часот, а оваа фаза ќе биде затворена од 20:30 со соочувањето на одличната Португалија и Германија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни