Поврзете се со нас

Македонија

Познати се бараж битките за место во ПМФЛ

Објавено

на

Денеска во во прес центарот на Националната арена беше одржана ждрепката за бараж натпреварите за место во Првата македонска фудбалска лига во натпреварувачката 2021/2022.

Во борбата за место во елитната фудбалска конкуренција силите ќе ги одмерат Силекс-Тиквеш и Ренова-Охрид. Кратовци и тетовци веќе долго се во највисокиот ранг, но „лозарите“ и „рибарите“ ќе ги предизвикаат и ќе се обидат да дојдат за билет за ПМФЛ.

Овие дуели ќе се играат во Скопје на 25. мај (вторник) од 16:00 часот, Силекс-Тиквеш ќе играат на националната арена „Тодор Проески“, додека Ренова-Охрид силите ќе ги одмерат на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Во случај да нема победник по регуларниот дел, веднаш ќе се пристапи кон изведување на удари од белата точка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни