Поврзете се со нас

Светски првенства

Познати платите на селекторите од СП во Катар, Флик заработува шест пати повеќе од Луис Енрике

Објавено

на

Магазинот „Фајнанс Футбол“ направи споредба на платите на селекторите на репрезентациите кои ќе учествуваат на СП во Катар, а на врвот е Ханс Дитер Флик.

Германскиот селектор годишно заработува 6,5 милиони евра за извршување на својата функција, а интересно заработува речиси двојно повеќе од Дидие Дешамп, кој со Франција ќе ја брани титулата од пред четири години.

Шпанскиот селектор Луис Енрике заработува речиси шест пати помала плата од Флик (1.150.000 евра), а англискиот селектор Герет Саутгејт е веднаш зад Флик со плата од 5,8 милиони евра годишно.

Драган Стојковиќ како предводник на Србија добива по 650.000 евра годишно, а хрватскиот селектор Златко Далиќ е зад него со 550.000 евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни