Познати организаторите на Летните олимпијади планирани за следната деценија

paris-la

Интернационалниот олимписки комитет им остави можност за меѓусебен договор на Париз и Лос Анџелес околу тоа кој град кои Летни олимписки игри ќе ги организира во 2024, односно 2028 година. Нивниот рок беше до септември, по што ако не беше постигнат компромис, ќе мораше да се гласа по ова прашање.

Двата града останаа единствени кандидати за организатори на Олимпијадите кои ќе следуваат по таа во Токио по три години, а денеска „Лос Анџелес Тајмс“ откри дека веќе утре организацискиот комитет на кандидатурата на Ел-Еј ќе соопшти дека ќе ги организира ЛОИ во 2028 година.

Претходно и двете организации ја бараа Олимпијадата четири години порано, но според ова Париз ќе биде организатор на ЛОИ во 2024 година, за четири години подоцна најголемиот спортски настан да се одржи во Лос Анџелес.

Facebook Коментари