Поврзете се со нас

Свет

Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда

Објавено

на

Францускиот магазин „Лекип“ денеска го објави списокот со 30 номинирани фудбалери за „Златната топка“ за 2022 година, а на него недостасува едно од најголемите имиња на светската фудбалска сцена.

Лионел Меси не влезе во финалниот избор на кандидати за престижното признание, нешто што се нема случено уште од 2005 година. Аргентинецот е рекордер со седум освоени „Златни топки“.

За разлика од Меси, па и неговиот соиграч Нејмар, на списокот номинирани е Кристијано Роналдо, додека најголем фаворит останува Карим Бензема.

Од годинава наградата ќе се доделува за остварувањето во текот на сезоната, а не за календарската година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни