Поврзете се со нас

Италија

Познати навредите кои си ги разменија Златан и Ромелу: Ибра почна, Лукаку жестоко возврати (Видео)

Објавено

на

blank

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку своевремено беа соиграчи во Манчестер Јунајтед и имаше неизмерна почит меѓу нив, а иако си разменуваа и меѓусебни позитивни пораки и во Италија, вечерва како противници на теренот изрежираа еден навистина немил настан кој остава лош пример за младите генерации.

По големата градска пресметка која се одигра во Купот оваа вечер, најмногу се зборува за инцидентот и физичкиот контакт кој го имаа двајцата напаѓачи пред крајот на првото полувреме, не само поради жестината на истиот, туку и поради зборовите кои ги употребија, а кои сега италијанските медиуми успеаја да ги „дешифрираат“.

Златан и Ромелу комуницираа на англиски јазик за време на жолчната расправија на теренот при која паднаа нависитна тешки зборови, со тоа што Ибра прв започна со следната порака:

– Оди прави ги твоите вуду сраќња, оди прави ги твоите вуду срања. Мало магаре, оди прави ги твоите вуду срања, – во неколку наврати му нагласи Ибра кој му порачал на Белгиецот „оди и жали се кај твојата мајка“.

Вториот дел се уште не е уловен од страна на камерите, но затоа е добро се гледа моментот кога Лукаку директно го навредува Златан.

– Оди е.и се ти и твојата сопруга, – гласи пораката на Лукаку кој се пожали дека Ибра го испровоцирал со тоа што зборувал за неговата мајка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни