Поврзете се со нас

Македонија

Познати имиња на клупата на „романтичарите“: Илиевски и Илијоски ќе го водат Работнички

Објавено

на

Поранешниот македонски шампион Работнички го именуваше наследникот на Љупчо Марковски кој си поднесе оставка по убедливиот пораз од Шкупи.

Привремено решение потоа беше Стојан Игњатов за да сега „романтичарите“ конечно го пополнат испразнетото место со Милан Илиевски. Илиевски е поранеше играч на Работнички и добро го познава клубот исто како и Баже Илијоски кој ќе биде негов прв асистент.

Во стручниот штаб на ќе бидат уште Теодор Терзиев како кондициски тренер и Филип Ивановски кој ќе продолжи да работи со голманите.

Илиевски своето деби како тренер ќе го има против Брегалница во Штип следниот викенд.

Скопскиот тим со 7 освоени бода се наоѓа на 9 место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни