Познати домаќините на Летните Олимписки игри во 2024 и 2028

olimpijadi-520x270

Меѓународниот олимписки комитет ги одреди домаќините на Олимпијадите во 2024 и 2028 година. Париз и Лос Анџелес кои беа единствени кандидати за Игрите ќе бидат домаќини на двете големи приредби.

Во септември, членовите на ИОК ќе гласаат во кој од овие два града ќе се одржи Олимпијадата во 2024, а во кој во 2028 година.

По завршувањето на гласањето градоначалничката на Париз Ен Идалго и градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарцети, заедно со првиот човек на МОК Томас Бах, заедно излегоа пред членовите на Мeѓународниот Олимписки Комитет, за да искажат својата благодарност што нивните градови повторно добија можност да организираат едно Летно олимписки игри.

Претходно, Париз беше домаќин на Олимписките игри во 1900 и 1924, а Лос Анџелес во 1932 и 1984 година.

Facebook Коментари